8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, во посета на Иран следната недела

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, ќе го посети Иран следната недела како дел од турнејата на три земји од Блискиот Исток, во кои, како што е најавено во Берлин, тој ќе се обиде да најде начин да го зачува договорот за запирање на ширењето на нуклеарното оружје.

Покрај Иран, Мас ќе ги посети Јордан и Обединетите Арапски Емирати, изјави портпаролката на неговото министерство, Марија Адебар.

Таа рече дека патувањето е договорено во соработка со Велика Британија и Франција, кои се исто така потписнички на нуклеарниот договор со Иран.

Британската агенција вели дека американскиот државен секретар, Мајк Помпео, е исто така запознаен со посетата.

САД, кои беа потписници на договорот, излегоа од него и воведоа нови санкции за Иран.