23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Украинскиот капетан на крузерот ја предизвика несреќата во Холандија

Украинскиот капетан на крузерот, кој минатата недела се судри со унгарскиот туристички брод на Дунав, во април годинава предизвикал несреќа управувајќи брод во Холандија, објавија денес унгарските обвинители.

Тие исто така рекоа дека истрагата покажала дека капетанот ги избришал податоците од својот телефон по судирот во Будимпешта.

Уште две тела беа извлечени денеска од Дунав, со што бројот на настрадани во несреќата по судирот на туристичкиот брод и крузерот во Будимпешта се искачи на 15 лица.