8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТИЗБОР

САД ѝ дадоа рок на Турција да се откаже од купувањето руски противракетен систем

САД ѝ дадоа рок на Турција од две недели да се откаже од купувањето руски противракетен систем „С-400“ во корист на американскиот систем „Патриот“, објави Си-ен-би-си повикувајќи се на доверливи и добро информирани извори.

„До крајот на првата недела на јуни Турција би требало да го откаже договорот со Русија во вредност на неколку милијарди долари и наместо тоа, да купи систем за противракетна одбрана ‘Патриот’ или ќе се соочи со исклучување од програмата ‘Ф-35’ на компанијата ‘Локхин Мартин’, со што ќе ги изгуби ветените ловци ‘Ф-35’, ќе бидат воведени американски санкции, а можна е и реакција од НАТО“, објави телевизијата.

Според истиот извор, тоа е последен предлог на Стејт департментот за Турција.

Турција, претходно, соопшти дека нема да се откаже од плановите за купување „С-400“ и дека првата серија на системот ќе влезе во земјата во јули.

САД тврдат дека системот „С-400“ не одговара на стандардите на НАТО. Турција, пак, повеќепати соопшти дека „С-400“ не претставува закана за американските авиони „Ф-35“.