10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

(Видео) Силно невреме ја погоди Србија, паѓаше град со големина на лешник

Во многу градови во Србија, вчера, во попладневните часови, почна да паѓа силен дожд, а потоа и град со големина на лешник. Во Белград бурите почнаа околу 19.40 часот со силен дожд, ветар и град.

Силен дожд и град го погодија и Чачак по 19 часот. Град со големина на лешник паѓаше неколку минути, а дејствуваше и противградобијната заштита.

Невремето дојде и во Љиг, каде што исто паѓаше град.

Според прогнозите, денеска во Србија претпладне ќе биде претежно сончево, попладне и навечер променливо облачно, со повремени врнежи од дожд.

Најниската температура ќе се движи од 9 до 14 степени, највисоката од 21 на 24 степени.

Спонзорирано: