13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турските власти апсат 249 дипломати поради Ѓулен

Турските власти побараа апсење на 249 вработени во Министерството за надворешни работи, под сомнение дека се поврзани со мрежата на свештеникот Фејтула Ѓулен кој живее во САД, а кои го организираа неуспешниот државен удар во 2016 година.

Властите спроведоа регуларни операции против наводните следбеници на Фејтула Ѓулен, кој живее во егзил во Пенсилванија од 1999 година.

Ѓулен ги негираше обвинувањата дека стои зад обидот за државен удар на 15 јули 2016 година.

Канцеларијата на јавниот обвинител во Анкара изјави дека апсењето на 249 вработени во Министерството за надворешни работи е наредено откако истрагата откри дека се воочени неправилности во нивната работа со приемните испити.

Досега се затворени 78 осомничени во операции во 43 провинции, а полицијата трага по другите.

Повеќе од 77.000 лица се уапсени и го чекаат судењето, а околу 150.000 државни службеници, воени лица, и други беа отпуштени или суспендирани од работа во рамките на чистката што се спроведе по неуспешниот државен удар.

Спонзорирано: