11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Терористички напад врз хотел во Пакистан

Терористичката група нападна хотел со пет ѕвездички во пакистанскиот град Гвадар, соопшти полицијата.

Три или четири напаѓачи упаднале во хотелот ,,Перл Континентал”, по што започнале судири со безбедносните сили. Полицијата соопшти дека нема информации за човечките загуби.

Полицијата наведува дека во регионот се распоредени дополнителни полициски, антитерористички и воени сили.Медиумите јавуваат дека во внатрешноста на хотелот се слушнале 10 експлозии.

Локалниот министер за информации, Захур Буледи рече дека сите гости безбедно биле евакуирани од хотелот, објави ,,Спутник”.

Спонзорирано: