13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Убиена авганистанска новинарка во Кабул

Неидентификувани напаѓачи ја убиле во Кабул новинарката и советничка во авганистанскиот парламент Мену Мангал, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Портпаролот на авганистанското министерство изјави дека Мангал, советничка за култура и некогашна телевизиска водителка, била убиена изутринава додека одела на работа.

Според него, најмалку еден напаѓач избегал од местото на убиството, а полицијата започнала истрага.Никој досега не презел одговорност за нападот.

Полицијата соопшти дека не е познато дали убиството на Мангал е терористички чин или последица на личен конфликт.

Спонзорирано: