25.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Курц предлага казни за членките на ЕУ поради мигрантите

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, најави дека за земјите од Европска унија кои примиле голем број мигранти и имаат големи долгови, а немаат проблем да земаат пари од останатите, Унијата ќе претстави план да бидат казнети поради заобиколувањата со кои му пристапуваат на проблемот со бегалците.

Курц предложи реформа на Спогодбата на ЕУ и наведе дека Унијата работи на воведување на мерки, како што се казни за земјите-членки кои не вршат правилна регистрација на мигрантите или ги зголемуваат бројките за мигранти, очигледно мислејќи на Италија и Грција.

Тој објасни дека планира да го претстави својот план пред лидерите на ЕУ на состанокот во Романија, иако се чини дека нема многу заинтересирани за промена на Спогодбата, за што би требало едногласност меѓу земјите-членки, ратификација од страна на парламентите на земјите-членки, а во некои земји и национални референдуми.

Што се однесува до неговите изјави во врска со долгот, тој објасни дека во овој случај станува збор за држави кои без проблем земаат туѓи пари и се подготвени да профитираат.

Спонзорирано: