27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ прашува: Зошто Сиљановска поднела само еден финансиски извештај?

Гордана Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ беа убедливо поразени на претседателските избори, а Христијан Мицкоски и неговите кандидати загубија на локалните избори кои минаа во фер, демократски и европски амбиент, за што потврда се извештаите на сите релевантни домашни и меѓународни набљудувачи, реагираат од СДСМ на прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО – ДПМНЕ.

-Наместо да бара алиби за поразот преку неосновани пријави, ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори зошто нивата кандидатка Гордана Сиљановска Давкова, наместо два како што е пропишано со Закон,  поднела само еден периодичен извештај пред денот на изборите во првиот круг, што е констатирано и од наодите и заклучоците на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.

Освен што е поднесен само еден финансиски извештај на Гордана Сиљановска, истиот е поднесен на несоодветен образец и не дава реална слика за трошоците.

Мицкоски, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ должат објаснување за ова.

Наместо да бара оправдувања, ВМРО-ДПМНЕ да прифати дека граѓаните кажаа НЕ на нивниот деструктивен концепт кој води кон изолација и враќање во темното минато и нивните погубни политики.

Поразените Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска причините за загубените претседателски и локални избори да ги побараат кај себе, се вели во реакцијата.