11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Седум луѓе загинаа во лавина на Алтајските Планини

Седум луѓе загинаа во лавина на Алтајските Планини, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации. Инцидентот се случил пред два дена кога група од девет туристи влегла во лавина на Алтајските Планини, пренесе ТАС С.

Според информациите од Министерството, две лица успеале да се спасат.

Алтај е планински систем во централна Азија разделен помеѓу Русија, Кина, Монголија и Казахстан. Се наоѓа помеѓу пустината Гоби на југоисток и Западносибирската Низина на северозапад во должина од речиси 2.000 км. Се состои од Рускиот Алтај (или Алтај во потесна смисла) Монголскиот и од Гобискиот Алтај. Највисок врв на целиот систем е Белуха со 4.508 метри, на Монголскиот Алтај.

Спонзорирано: