17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тројца осомничени за нападот на турскиот конзулат во Швајцарија

Денес, швајцарската полиција уапси три лица под сомнение дека фрлиле три запаливи направи во генералниот конзулат на Турција во Цирих.

Според АП, полицијата забележала дека огнот ја зафатил оградата во текот на ноќта, но благодарение на брзата реакција на властите тој веднаш бил изгаснат.

Осомничени се тројца мажи на возраст од 17, 18 и 19 години, кои се обидувале да избегаат од местото на настанот.

Полицијата апелира до граѓаните да пријават какви било сомнителни активности во областа.