23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во близина на црквата во Коломбо експлодира комбе

Во близина на црквата во главниот град Шри Ланка, Коломбо, која беше цел на нападот на Велигден, денес експлодира комбе кога специјалната единица се обиде да ја деактивира бомбата што беше во него, објави Ројтерс.

„Комбето експлодира кога единицата за деактивирање експлозивни направи на специјалните единици и воздушната одбрана се обиде да ја деактивира бомбата“, изјави очевидец.

Портпаролот на безбедносните сили не беше во можност да даде коментар.

Според најновите податоци, во неделата во самоубиствените напади на црквата и луксузните хотели на Шри Ланка животот го загубија 290 лица, а околу 500 беа повредени.

Спонзорирано: