11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Русија ја коментира победата на комичарот на претседателските избори во Украина

Украина има можност да спроведе историски позитивни промени за доброто на општеството во целост, оцени руското МНР кога украинскиот претседател Петро Порошенко изгуби на претседателските избори.

„Украина може да се промени, не со пренесување на парите од едни во други џебови, туку со препознавање на нужноста да го обедини народот, не на сила, туку со развој на национален план“ изјавила портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

Таа истакнала дека голем број Укринци во подрачја каде што има судири со проруските сепаратисти не можеле да гласаат на изборите.

„Украинските власти не би требало да исклучат милиони од своите гласачи“, додала Захарова.

Володимир Зеленски, кој освои околу 70 отсто од гласовите, по изборите, изјавил дека првата задача како претседател ќе му биде ослободување на заробените Украинци во судирите во источните делови од земјата.