20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Пендаровски победи во првиот круг, во вториот ќе има уште повеќе гласови

На фер, слободни и демократски избори, во првиот изборен круг, победи Стево Пендаровски, велат од владејачкиот СДСМ.

Како што истакнуваат од таму, победата на Пендаровски во првиот круг најавува уште поголема поддршка од граѓаните за концептот „Заедно напред“ во вториот круг на 5 мај.

„Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други се сплотени за концептот на Стево Пендаровски за напредок и заедиништво. Во вториот круг граѓаните уште посилно ќе го поддржат напредокот, ќе го поддржат концептот што води кон НАТО и ЕУ“, стои во партиското соопштение, во кое се додава дека уште повеќе граѓани ќе се приклучат кон победата на Пендаровски.