17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Климатските промени доведуваат до заразни тропски болести во Европа

На Европскиот конгрес за заразни болести ((ECCMID) во Амстердам, научниците предупредија дека денга треската, чикунгуња, лишманиоза, енцефалитис (воспаление на мозокот), но и други тропски заразни болести сè почесто се јавуваат и во областите со умерена клима, односно во европските земји.

Ова е најголемиот светски конгрес за заразни болести, на кој овој месец се собраа повеќе од 13.500 доктори од 127 земји.

Заразните тропски болести пренесени од комарци и крлежи до неодамна на нашиот континент доаѓаа само со патници инфицирани во (суп)тропските земји.

Ова, сепак, полека се менува, бидејќи денес и Медитеранот за време на топлиот дел од годината спаѓа во област со тропска клима.

Благите зими, подолгите топли периоди, големите количества дожд и сушите се погодни за разни видови комарци и крлежи кои ги пренесуваат овие и други заразни болести, според холандската телевизија НОС.