5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Детали за убиството во Македонија: Ги нашле починати во возило паркирано кај “Слупчански бунар”

На 21.04.2019 година во 22.40 часот полициски службеници од Полициското одделение Матејче во атар на с.Слупчане, на место викано „Слупчански бунар“, пронашле патничко возило „Опел астра“ со скопски регистарски ознаки во кое билe две лица без знаци на живот.

Јавен обвинител и екипа од СВР Куманово излегле на местото на настанот и било констатирано дека непознат сторител со огнено оружје пукал во Е.С.(47) и неговиот син (роден 2010 год.), двајцата од с.Опае.

По наредба на Јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција во Институтот за судска медицина и криминалистика Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Спонзорирано: