20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МОСТ: Првиот круг на изборите помина во фер и демократска атмосфера

Прелиминарната оценка на Граѓанската асоцијација МОСТ е дека првиот круг од изборите помина во фер и демократска атмосфера. Во текот на изборниот ден биле забележани само неколку изолирани случаи на неправилности кои не влијаеле на квалитетот на изборниот процес и на кои имало соодветна реакција од надлежните органи.

Од МОСТ оценуваат дека изборната кампања поминала во генерално релаксирана атмосфера.

„За првпат не беа регистрирани инциденти кои влијаеја на атмосферата во која се спроведе кампањата, што е за поздравување. Кампањата се одликуваше со зголемен број на непосредни средби со граѓаните и повисок интензитет на т.н. кампања од врата до врата, вклучително и во руралните средини. Регистрирани беа само неколку случаи на негативна кампања и присуство на малолетници на митинзите. За првпат по подолго време бевме сведоци на поголем број дебати помеѓу кандидатите преку кои на гласачите им беше овозможено да направат информиран избор“, се наведува во соопштението.

Од МОСТ наведуваат дека врз основа на резултатите добиени од ПВТ програмата за паралелно сумирање на гласовите одѕивот на гласачките места бил 41,67% со маргина на грешка од +/- 0,5%. Процентот на неважечки ливчиња е 4,33%.

Кандидатот Блерим Река освоил 10,98% гласови, Гордана Сиљановска-Давкова – 44,32% и Стево Пендаровски – 44,7%.

Спонзорирано: