20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Пожарот во Нотр Дам снимен со полициски дрон

Силен пожар осум часа се закануваше да ја опустоши познатата катедрала Нотр Дам во центарот на Париз. Беспилотно летало на француската полиција ги сними огнените јазици коишто се закануваа над ова непроценливо историско богатство.

По осумчасовна по борба со огнената стихија, француските пожарникари успеаја да го локализираат огромниот пожар во Богородичната црква во Париз (Нотр Дам) во 3 часот по полноќ. Според првичниот впечаток, огнот не ги уништил катедралните сводови, светиот крст и бројните вредни фигури и книги. Во пожарот целосно се уништени куполата и високиот столб кој се издигаше над катедралата, а големата камбана е спасена.

Пожарот избувна вчера попладне. Француското обвинителство отвори истрага за причините за пожарот во Нотр Дам во Париз. Во гасненењето на пожарот на катедралата Нотр Дам во Париз беа вклучени повеќе од 400 пожарникари и возила.