24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел: Нотр Дам е симбол на Франција и на нашата европска култура

Германскиот министер за надворешни работи изјави дека пожарот во Нотр Дам е удар во срцата на Германците и изрази поддршка на Франција, пренесе „Франс прес“.

Германската канцеларка, Ангела Меркел, рече дека Нотр Дам е симбол на Франција и на нашата европска култура. Во мислите сме со нашите француски пријатели, напиша на Твитер портпаролот на Меркел, Штефен Зајберт.