10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

СЗО стравува од ширење заразни болести во Либија

Светската здравствена организација соопшти дека стравува од ширење заразни болести во Либија поради нечистата вода и големиот број луѓе што бегаат од борбите.

СЗО додава дека испорачала комплети за прва помош и лекови за болниците и други здравствени установи и дека резервите ќе траат околу две недели, пренесе „Ројтерс“.

За време на борбите изминатата недела во Либија загинале 75 луѓе, а 323 се ранети, изјавил претставникот на Организацијата во таа земја, Саед Џафар Хусаин.

„Досега од борбите побегнале околу 6 илјади луѓе, но СЗО има планови за вонредни ситуации во случај илјадници или стотици илјади од нив се раселат во акутната фаза на борбата“, рекол Хусаин.

Спонзорирано: