10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
izbori
СВЕТ

Судот во Швајцарија ги поништи резултатите од референдумот за даноци од 2016 година

Швајцарскиот суд го поништи резултатот од референдумот во 2016 година, со кој на брачните двојки требаше да им се овозможат даночни олеснувања.

Со гласањето во 2016 година се очекуваше даночните олеснувања да бидат изгласани, но на крајот истото беше неуспешно – 49,2% гласаа за, додека 50,8% гласаа против.

Меѓутоа, швајцарските судии во средата пресудија дека гласачите не биле во целост информирани кога гласале и затоа треба да им биде дозволено повторно да го сторат истото.

Првично се тврдеше дека 80.000 брачни двојки, каде што и двата партнери се вработени, биле даночно оштетени, но ревидираните бројки објавени во 2018 година покажуваат дека бројот е приближно половина милион – речиси шест пати повисок од првата проценка.

Во соопштението на судот се вели дека со оглед на малата разлика во гласовите и неправилностите за време на гласањето, резултатите би можеле да бидат поразлични.

Швајцарската влада во средата соопшти дека ги зела предвид наодите и одлуката на судот и додаде дека работи на процедури за „корекција на можните грешки“.