10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полицијата на Нов Зеланд очекува десетици илјади огнени оружја да бидат вратени

Полицијата на Нов Зеланд очекува десетици илјади огнени оружја да бидат вратени кога земјата донесе строги закони за огнено оружје и воведе план за негов откуп. Таквиот чекор беше направен кога минатиот месец Нов Зеланд се соочи со најсмртоносното пукање во земјата.

Пратениците на Нов Зеланд во средата речиси едногласно ја изгласаа промената на законите за оружје, помалку од еден месец откако напаѓач уби 50 луѓе во две џамии во Крајстчрч.

Новиот закон спречува циркулација и употреба на полуавтоматско огнено оружје, делови што преобразуваат огнено оружје во полуавтоматско огнено оружје, шаржери со одреден капацитет и некои пушки. Ова го вклучува и оружјето што осомничениот го користел во нападот во Крајстчрч.

Граѓаните на Нов Зеланд имаат рок до 30 септември да го предадат своето оружје, а досега се вратени околу 300 оружја, рече министерот Стјуарт Неш.

Заменик-полицискиот комесар Мајкл Клемент на прес-конференција во четвртокот изјави дека не е сигурен колку оружје ќе биде вратено бидејќи Нов Зеланд нема закон што бара од луѓето да го регистрираат своето огнено оружје. Тој процени дека бројката би можела да изнесува неколку десетици илјади.

Тој исто така им порача на сопствениците на забрането огнено оружје да се регистрираат на интернет.

Премиерката на Нов Зеланд процени дека планот за откуп на огнено оружје би можело да ја чини владата меѓу 100 и 200 милиони долари, иако некои министри предупредуваат дека овие трошоци би можеле да бидат многу повисоки.

Спонзорирано: