10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Памела Андерсон распали по апсењето на Асанж: Како можевте? Вие сте ѓаволи, лажговци и крадци

Холивудската актерка Памела Андерсон денеска ги нарече САД, Велика Британија и Еквадор ѓаволи, лажговци и крадци по апсењето на нејзиниот пријател и основач на „Викиликс“, Џулијан Асанж, во Лондон.

„Вие ќе пропаднете. Ние ќе се издигнеме“, порача Андерсон на „Твитер“.

Таа додава дека е шокирана од апсењето на Асанж и оценува дека во видеото на кое се гледа како полицајците го вадат од зградата на Амбасадата и го внесуваат во комбе Асанж изгледа многу лошо.

„Како можеше, Еквадоре?“, прашува Памела Андерсон, а потоа и самата одговора: „Затоа што тој сите ве разоткри“.

Истото прашање го поставува и до Велика Британија.

„Се разбира, вие сте американски кучки и ви треба привлекување внимание од вашите брегзит ср**а“, додава актерката.

Во однос на САД, таа пишува:

„Оваа токсична кукавица од претседател е себичен и суров. Поради него, целиот свет назадува“.

Асанж (47) беше уапсен денеска во Амбасадата на Еквадор во Лондон бидејќи владата на оваа земја му го укина политичкиот азил.

Во еквадорската амбасада Асанж беше засолнет од 2012 година со цел да ја избегне екстрадицијата во Шведска, каде што беше обвинет за сексуална злоупотреба.

Асанж ги негира обвинувањата и одби екстрадиција плашејќи се дека Шведска ќе го предаде на американските власти, кои го обвинуваат за откривање доверливи воени и дипломатски документи.

Спонзорирано: