17.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Словенија ја предупреди Хрватска да престане да шпионира

Словенечкиот Совет за национална безбедност, кој доцна попладнето се состана на вонредна седница, поради таканаречената „шпионска афера“, ја повика Хрватска, обвинувајќи ја за наводна шпионажа, да се воздржи од такви понатамошни постапки во иднина.

„Советотза национална безбедност се запозна со прислушување во арбитражна постапка и осуди било каков обид за влијание на слободата на медиумите во Словенија“ е објавено по тричасовниот состанок, пренесоа словенечките медиуми.

Откако словенечкиот премиер, Марјан Шарец, изјави дека го загрижува хрватското однесување, зошто, наводно хрватската разузнавачка служба – СОА, го прислушувала поранешниот словенечки арбитер, во арбитражна постапка за границата, Јерн Секолец и словенечкиот функционер Симон Дреник, за да го дискредитира арбитражниот процес, приказната дополнително ескалира в понеделникот.

Телевизијата ПОП-ТВ објавила дека посредник на хрватската Влада, Иван Тољ, се обидел да го спречи емитувањето на репортажата на таа телевизија, за прислужувањето.

Спонзорирано: