6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Flickr/2.0
СВЕТ

Туск предложи „флексибилно“ одложување на брегзит најмногу до една година

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск предложи „флексибилно“ одложување на брегзит на една година, со опција за порано излегување на Велика Британија од Унијата ако биде ратификуван договорот.

То рекол дека има „мала причина да верува“ дека договорот за брегзит ќе биде прифатен до продолжениот рок, 30 јуни, што го побара британската премиерка Тереза Меј. Во писмо до лидерите на ЕУ, Туск нагласува дека секое одложување треба да има и соодветни услови.

„Нашето досегашно искуство како и длабоки поделби внатре во Претставничкиот дом ( британскиот парламент), ни даваат повод да веруваме дека процесот на ратификација на договорот нема да биде завршен до крајот на јуни“ наведува Туск во писмото и додава дека доколку не се одобри дополнително одложување на брегзит, постои опасност од заминување на Британија без договор.

Тој објаснува дека постои можност за „флексибилно“ одложување на брегзит, но не подолго од една година. Според него, на тој начин, Британија ќе излезе од членството кога ќе биде подготвена, наведувајќи дека со тоа би се избегнале постојаните поставувања и одложувања на роковите.

Европските земји на утрешниот самит ќе гласаат за предлогот за продолжување. Драфт документот на ЕУ, циркулира меѓу дипломатите, во пресрет на вонредниот самит, исто така предлага продолжување.

Велика Британија, според рокот, кој истекува во петок, во 23 часот по локално време, да ја напушти ЕУ. Во меѓувреме, Меј имаше состаноци со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз и германската канцеларка, Ангела Меркел во Берлин.

Спонзорирано: