14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин: Сетете се на Југославија, почитувајте го меѓународното право

Рускиот претседател, Владимир Путин, повторно повика на почитување на меѓународното право за да се избегнат ситуации слични на бомбардирањето на Југославија.

Путин тоа го рече одговарајќи му на претседателот на Финска, Саули Нинисто, кој оцени дека Русија самата си е виновна за санкциите што ѝ се воведени.

Рускиот претседател нагласи дека Советот за безбедност на ОН мора да одобри санкции за тие да бидат легални и истакна дека во овој случај не дошло до тоа, што значи дека мерките што биле воведени против Русија не се легални.

„Никој не воведува санкции против оние што ја доведуваат земјата во ситуација да мораат да преземаат мерки за да ги заштитат нивните интереси. Да се вратиме на почитувањето на елементарните норми на меѓународното право и повелбата на ОН и можеби тогаш нема да мораме да мислиме на последиците од бомбардирањето на Југославија и работите во врска со слично грубо кршење на меѓународното право“, изјави Путин.

Тој повика светот да се врати на нормалниот политички живот и да стане свесен дека меѓусебно е зависен. Путин додаде дека ЕУ претрпела поголема штета поради антируските мерки од самата Русија наведувајќи дека според податоците на ЕК за 2015 и 2016 година, штетите предизвикани од санкциите изнесувале околу 50 милијарди, а загубите на Русија се проценуваат помеѓу 25 и 26 милијарди евра.

Спонзорирано: