Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Силјановска: Пазарот во Гостивар е одличен пример за мултикултурно општество

Вчера, кандидатот за претседател Гордана Силјановска-Давкова, заедно со Ердоган Сарач, претседател на Движењето за национално единство на Турците во Македонија (ДНЕТ), оствари посета на пазарот во Гостивар.

При посетата Гордана Силјановска-Давкова истакна дека токму овој пазар е пример за мултикултурно општество, каде што се спојуваат различни култури и религии.

„Пазарот во Гостивар е одличен пример за мултикултурно општество, спој на различни култури и религии и најдобар пример за власта да сфати како треба да функционира општеството. Не како пазар на две етнички групи, туку како збир на сите граѓани, без разлика на потеклото“, посочи Силјановска-Давкова.

Силјановска-Давкова исто така при посетата додаде дека пазарот во Гостивар е слика на Република Македонија бидејќи во нашата држава живеат луѓе со различна култура, јазик, религија, обичаи, токму различноста е убавината на нашата држава. Спојот на различностите Македонија ја прават поубава и посилна.

Можеби ќе ве интересира

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

ДЕСК

МАКЕДОНЦИТЕ СÈ ПОТЕШКО ГО ПОЛНАТ ФРИЖИДЕРОТ: Сметката расте, кесите се сè попразни

ДЕСК

ГРАДОТ ЗА 10 МИНУТИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТА ОД 1.000 ЕВРА: Дали луѓето се подготвени?

ДЕСК