8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Пронајдени остатоците од јапонскиот воен авион „Ф-35“ во Пацификот, се трага по пилотот

Остатоци од јапонскиот воен авион „Ф-35“, кој вчера исчезна од радарот, беа пронајдени во Пацификот, а по пилотот сè уште се трага, јави денеска Министерството за одбрана на Јапонија.

Авионот исчезна од радарот за време на ноќниот лет на обука на источниот брег Аомори, објави АП.

„Ф-35“ исчезна половина час по полетувањето од воздухопловната база Мисава, со уште три авиони „Ф-35“.

Како што рече министерот за одбрана Такеши Ива, причината за падот на авионот досега не е утврдена.