23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нетанјаху сè поблиску до рекорден петти мандат

Досегашниот премиер на Израел, Бенјамин Нетанјаху, најверојатно е победник на парламентарните избори, со што ќе си обезбеди петти мандат на чело на владата, објавија изралските медиуми.

По преброени 96 отсто од гласовите, партијата на Нетанјаху, Ликуд, доби 37 места во парламентот, а сино-белите, предводени од генералот Бени Ганц, добија 36.

Иако ниту една партија не доби мнозинство во Кнесет, кој има 120 места, резултатите го ставаат Нетанјаху на посилна позиција за формирање коалициска влада со десните партии, кои се клучни за конечна победа.

„Ова е голема победа“, рекол Нетанјаху во говорот пред приврзаниците предупредувајќи дека престои долга ноќ или можеби и ден во исчекување на конечните резултати.

Нетанјаху (69) ќе стане премиер со најдолг стаж во 71-годишната историја на земјата. Тој рекол дека веќе почнал преговори со можните коалициски сојузници.

Ганц исто така прогласи победа. „Ние сме победници. Сакаме да му се заблагодариме на Нетанјаху за неговата служба на нацијата“, порачал Ганц.