12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

До крајот на минатата година 23 државјани на Црна Гора заминаа за Сирија

Падот на последното упориште на Исламската држава во Сирија отвори многу прашања, вклучувајќи ја и судбината на странските борци кои се приклучија на ИД во претходните години.

Значителен број од нив пристигнаа од Балканот, и иако најмала од земјите во регионот, и Црна Гора ја фати „вирусот на радикализмот”, пишува „Дојче веле”.

Во изминатите шест години шест црногорски граѓани загинаа на бојното поле во Сирија и уште девет лица, меѓу кои и две деца, се во области каде што се кријат припадници на разбиената Исламска држава.

Вкупно, до крајот на минатата година во Сирија заминаа 23 црногорски државјани, и тоа 18 мажи и пет жени, кои со себе повеле три деца. Сепак, безбедносните служби немаат регистрирано заминувања од крајот на 2015 година.

„Во однос на земјите од регионот, Црна Гора е најмалку погодена од оваа појава, но многу се работи на превенција, дерадикализација, реинтеграција, ресоцијализација, следење и репресијата”, изјави за „Дојче веле” Драган Пејановиќ, национален координатор за борба против насилниот екстремизам.

Спонзорирано: