Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски во општина Градско: Земјоделците заслужуваат пристап до пазарот на ЕУ од 500 милиони жители

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, денеска ја посети општина Градско каде учествуваше на трибина со граѓаните од оваа општина.Пред присутните Пендаровски зборуваше за евроинтегративниот процес и придобивките што следуваат по членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ.

„Го напуштивме времето на изолација, на затвореност, на ограничени можности и неизвесност и веќе втора година чекориме кон напредок и развој. Направивме голем пробив на отворање на портите на Европа. Членството во НАТО е извесно, а кон средината на годината залужено чекаме датум за преговори со ЕУ. Тоа е нова можност за развој на државата и давање шанси за вработување на младите, но и можност за земјоделството кое е една од најзначајните стопански гранки во нашата држава. Со интеграцијата во ЕУ и НАТО обезбедуваме пристап до пазар од над 500 милиони потрошувачи, тоа позитивно ќе влијае врз развој на земјоделството, поконукретно производство. Сето тоа значи повеќе пари и повисок животен стандард за нашите сограѓани земјоделци“, истакна Пендаровски.

Да продолжиме со позитивните промени што нè доближуваат до ЕУ и НАТО, заслужуваме да бидеме еднакви со демократскиот свет, граѓаните, младите, работниците, пензионерите, земјоделците, заслужуваат повисок животен стандард, да предолжиме Заедно напред!, повика Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРЕМЕ НА ДЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАТА: Западот и југот со пообилни врнежи и засилен ветер

ДЕСК

(ФОТО) Зоран Заев присуствуваше на роденденот на СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС живее во светот на бајките и лагите, не ВМРО-ДПМНЕ, ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови

ДЕСК