25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Босна и Херцеговина суспендиранa од Парламентарното собрание на Советот на Европа

До крајот на оваа година Босна и Херцеговина ќе биде суспендирана од работата на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) бидејќи во рок од шест месеци по одржувањето на општите избори не назначилa нови претставници во тоа тело, изјави известувачот на Советот на БиХ, Тини Кокс.

„Ова е многу лошо за БиХ бидејќи не може да учествува во тековните дискусии за иднината на Советот на Европа и улогата на Парламентарното собрание, како и во дебатата за буџетот на Советот на Европа и изборот на генералниот секретар во јуни“, изјави Кокс за телевизијата „Н1“ на БиХ.

Тој оцени дека во новосоздадената ситуација Босна и Херцеговина најмногу губи.

„Босна и Херцеговина неколкупати ја предупредивме и не добивме одговор“, рече Кокс и повторно го повика парламентот на БиХ да ја исполни својата обврска и што е можно побргу да ја претстави новата делегација.