12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Русија ги повикува сите либиски сили да бараат политички решенија

Москва ги повика сите сили во Либија да бараат политички решенија, изјави рускиот специјален претставник за Блискиот Исток и Африка, Михаил Богданов, истакнувајќи ја важноста на борбата против тероризмот, пренесува ТАСС.

„Работиме со ОН, со специјалниот пратеник на ОН за Либија, Гасан Саламесо, со кого се сретнав во Тунис. Одржуваме телефонски разговори со сите либиски социјални и политички сили активни на западот, истокот и на југот на земјата. И понатаму сме загрижени за ситуацијата и го истакнавме тоа на состаноците на Советот за безбедност на ОН повикувајќи на решавање на сите нови прашања со политички средства.

Во исто време има потреба да се консолидираат напорите за борба против тероризмот бидејќи терористите контролираат огромни области во земјата“, истакна високиот руски дипломат.

Либиската национална армија (ЛНА) предводена од Калифа Хафтар продолжува да напредува кон Триполи. Хафтар го објави почетокот на офанзивата на 4 април. Неговите војници се движат кон Триполи најмногу од југ, каде што се борат против единиците лојални на владата на национален договор (ГНА) со седиште во Триполи, предводена од Фајез ал Сараџ.

Спонзорирано: