17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Орбан: Изборите во ЕУ ќе одлучат за христијанска култура или мултикултурна иднина за Европа

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, ја почна предизборната кампања на својата партија за Европскиот парламент прикажувајќи ги претстојните избори како судир меѓу оние што се залагаат за граници и суверенитет и поборниците за глобализам со отворени граници, пренесува „Брејтбарт“.

Лидерот на Фидес рече дека изборите во мај, во кои Велика Британија би можела да учествува и покрај гласањето за брегзитот пред речиси три години поради повторените обиди на премиерката Терез Меј да го одложи излезот, ќе бидат настанот на кој Европа ќе ја избере својата иднина .

„Дали Европа ќе остане европска или ќе им дадеме шанса на масите што доаѓаат од други култури? Ние ќе одлучиме дали ќе ја заштитиме нашата христијанска европска култура или ќе потклекнеме пред мултикултурализмот“, рече Орбан.

Оваа одлука, според Орбан, ќе биде во форма на релативно директен избор во сите земји членки на ЕУ. Унгарскиот лидер јасно стави до знаење на која страна од оградата стои, со што се обидува да изгради сојуз со италијанскиот популистички вицепремиер и министер за внатрешни работи, Матео Салвини, чија партија (Лига) би можела да стане најголема во Европскиот парламент ако актуелните анкети се покажат точни.

Италија и Унгарија ќе формираат популистички фронт пред изборите во ЕУ за да му се спротивстават на глобалниот блок во кој се бара супердржава заснована на човековите права.

И додека Орбан сè уште изгледа подготвен да поддржи чист прекин со ЕУ, како што се надеваат некои негови поддржувачи, тој зазеде критична позиција во блокот пред изборите, со што стана јасно дека ги гледа како шанса да изврши притисок за многу потребни реформи.

„Унгарците, кои ја штитат Европа илјада години, ја сакаат ЕУ, но не се задоволни од начинот на кој работите течат во Брисел. Ние не сме подготвени да го направиме она што Брисел го диктира ако тоа не е добро за Унгарците“, рече тој.

Во таа насока Орбан тој изложи план за промени во седум точки за кој се надева дека новоизбраниот популистички конзервативен Европски парламент може да помогне да се постигне. Орбан бара управувањето со миграцијата да им се одземе на бирократите во Брисел и да им се врати на националните влади; ниту една земја да не биде обврзана да прифати мигранти против своја волја; никој да не биде примен во Европа без валидна идентификација и документи; да се укинат припејд-картичките за мигранти и мигрантската виза; Брисел да не двои повеќе средства за невладините организации финансирани од Џорџ Сорос и никој во Европа да не биде дискриминиран зашто се изјаснува како христијанин.

Изборите во Европскиот парламент ќе се одржат од четврток, 23 мај, до недела, 26 мај.