13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

Фотографирај, поврзи се и освојувај со новиот Самсунг Галакси А70(Samsung Galaxy A70)

Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.)го претстави Галакси А70(Galaxy A70), најновиот паметен телефон на Самсунг дел од Галакси А серијата смартфони. Создаден со најновите иновации и надградени карактеристики на Самсунг, Галакси А70 пристигнува со стилски дизајн, “Infinity“екран, подобрена тројна камера, моќна батерија и функции за беспрекорнаповрзаност. Најновиот паметен телефон на Самсунг е дизајниран за љубителите на дигиталниот свет кои сакаат да фотографираат, да се поврзуваат и да го споделат секој миг во моментот на случување додека го живеат животот со полна пареа.

“Денес, потрошувачите ги користат своите телефони на поразличен, визуелно активен и автентичен начин – споделувајќи ги своите искуства и останувајќи поврзани подолго. Овие врски може да напредуваат само кога најважните карактеристики на уредите им овозможуваат на луѓето да ги подобрат интеракциите преку спонтана, заедничка и вистинска поврзаност. Сето ова бара еволуција. Затоа, за да ги задоволиме потребите на оваа нова генерација, го создадовме новиот Галакси A70 – дизајниран според начинот на кој луѓето во денешницата се поврзуваат”, изјави ДЈКох(DJ Koh), Претседател и Извршен Директор на Секторот за ИТ и Мобилни комуникации во компанијата Самсунг.

    

Уред кој се истакнува со својот неверојатен екран и префинет дизајн

Со “Infinity-U” екран со димензии од 6.7 инчи,најголем екран во Галакси А портфолиото до сега, новиот Галакси А70 овозможува уште поневеројатно искуство при секојдневните активности со помош на максималната, од раб до раб, искористеност на екранот. Префинетиот и ергономски дизајн и соодносот на екранот од 20:9 овозможуваат неверојатно искуство при гледањето содржини, притоа обезбедувајќи оптимална површина за користење на екранот.

Уредот е достапен во четири бои – Сина, Црна, Бела, како иактуелната,тренди боја – Корална, а пристигнува со стилски ефект на призма кој прикажува неверојатни нијанси во зависност од насоката на осветлувањето и рефлексијата на светлината.

 

Не пропуштајте ниту еден миг

Со подобрената тројна камера на Галакси А70 со предни и задни леќи од 32 мегапиксели со супер-висока резолуција, корисниците може да креираат остри фотографии.Притоа, не влијаејќи на квалитетот на фотографијата, без разлика на тоа каде се наоѓаат или кој период од денот е. Леќата за длабочина овозможува прилагодување на полето кое се фокусира, пред и по креирање фотографија, а корисниците можат да одберат што и во кој предел на фотографијата сакаат да нагласат. Во комбинација со Ултра Широките Леќи со 8 мегапиксели, корисниците може да уживаат во фотографии кои го рефлектираат истиот агол на гледање како човековото око.

Со помош на функцијата за препознавање сцени на Галакси А70, може да се искористи максимумот од секој кадар. Оваа функција може да распознае и интуитивно да подобри до 20 сцени, истакнувајќи го најдоброто во она што го “гледа“. Со помош на функцијата за детектирање на несовршености, автоматски се идентификуваат потенцијалните пречки, допринесувајќи за креирање совршена фотографија.

Останете вклучени “во живо“ подолг временски период

Галакси А70 пристигнува со моќна 4.500 mAH батерија, давајќи му на корисникот слобода и погодност за споделување, стриминг и емитување на содржини во текот на целиот ден. Со функцијата Супер-Брзо Полнење на 25W, кога е потребно полнење на батеријата, корисниците може да се “вратат во акција“ уште побрзо.

Беспрекорна и безбедна поврзаност

Новото интуитивно позиционирање на скенерот за отпечатоци од прст на екранот на новиот Галакси A70 овозможува уште поголема удобност при контролирањето на пристапот на телефонот и креира беспрекорно искуство без притоа корисниците да мора да го менуваат начинот на кој го држат уредот. Поврзан со “Samsung Pass“, корисниците може да се вклучат на веб страни и апликации со користење на биометриска автентификација за поедноставен и побезбеден начин на вклучување. Сево ова е овозможено од “Samsung Knox“, безбедносната платформа на Самсунг дизајнирана за да го заштити уредот – од чипсетот, па сѐ до софтверот. “Samsung Knox“ им овозможува на корисниците без грижи и слободно да го користат својот Галакси А70 уред.

Целосно Галакси искуство

Галакси А70 ја вклучува и платформата “One UI“ на Самсунг за да поттикне поголема продуктивност и фокус. Дизајнирана за да го подобри Самсунг Галакси корисничкото искуство, оваа платформа креира интеракции за да овозможи поудобно и попаметно функционирање.Како дел од оваа платформа, карактеристиката “One Handed Navigation“допринесува за поедноставна употреба на уредот со доближување на контролите на самиот екран во опсег на една рака. За користењето на уредот да биде поудобно, корисниците може да го вклучат вечерниот режим на платформата “One UI“, или пак да добијат повеќе контрола со помош на Тајмер апликацијата на Галакси А70 која дава приказ на нивоата на користење на екранот. Дополнително, Галакси А70 пристигнува со Самсунг Здравје (Samsung Health), Самсунг Плаќања (Samsung Pay)*, Бигзби, и многу други карактеристики.

 

Следете нѐ за повеќе информации за новиот Галакси А уред којќе биде претставен на “Галакси А настан“ на 10. април на три различни континенти.

 

За да дознаете повеќе за Галакси А серијата, посетете ги странитеwww.news.samsung.com/galaxy, www.samsungmobilepress.com, илиwww.samsung.com/galaxy.

 

Самсунг Галакси A70– Табела со спецификации за продуктот**

 Галакси A70
Екран6.7” FHD+ (1080×2400)
Super AMOLED
“Infinity-U“Екран
КамераЗаднаГлавна: 32MP, F1.7

Ултра Широка: 8MP, F2.2 (123°)

Длабочина: 5MP, F2.2

Предна“Селфи“: 32MP, F2.0
Куќиште164.3 x 76.7 x 7.9mm
АП(Процесор за Апликации)Octa Core, (Dual 2.0GHz + Hexa 1.7GHz)
Меморија6 GB / 8 GB RAM
128 GB Вградена Меморија
Микро СД влез (до 512 GB)
СИМ КартичкаDual SIM (3 влеза)
Батерија4,500 mAh (типично)

СуперБрзоПолнење

Оперативен СистемAndroid 9.0 (Pie)
Биометриска АвтентификацијаСкенер на отпечаток на прст на самиот екран, Препознавање на Лик
БојаЦрна, Сина, Корална, Бела
Дизајн3D Glasstic

*Карактеристиките и услугите може да варираат во зависност од регионот и моделите

**Сите функционалности, карактеристики, спецификации и други информации за продуктот претставени во овој документ, вклучувајќи ги и, но не ограничувајќи се на бенефитот, дизајнот, цените, компонентите, перформансите, достапноста и можностите на продуктот се предмет на промена без претходно известување.

Спонзорирано: