20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Претседателот Заев му порача на Мицкоски: Вие можете да блокирате колку сакате, државата ќе најде начин да продолжи напред

Покрај блокадите на ВМРО-ДПМНЕ, државата секогаш наоѓала начин да продолжи напред, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев и го повика Мицкоски на вечерашниот ТВ ДУЕЛ на КАНАЛ 5 Телевизија, тој и неговата партија да кажат став дали се за ЕУ или НАТО или намерно сакаат да ја блокираат државата за да не добие препорака за започнување на преговори со ЕУ.

– Став да немате за иднината на сопствената држава? Вие може да блокирате колку сакате ние ќе најдеме начин, со граѓаните, државата ќе најде начин да продолжи напред. Но кажете барем еднаш став.Кажете чесно пред граѓаните дали намерно сакате да ја блокирате нашата земја да не добие преговори со ЕУ? Нашата земја чекори напред и јавно кажувам дека сакам тоа да биде со консензуз, затоа што станува збор за иднината на сите граѓани, порача претседателот Заев.