13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да се изјаснат дали ќе продолжат да штитат криминал во обид да ја блокираат државата

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во вечерашниот тв дуел на Канал 5 телевизија, рече дека разговорите за новиот Закон за јавно обивнителство не се пропаднати, очекува опозицијата да биде конструктивна во интерес на правдата и го повика Христијан Мицкоски јасно да се изјасни дали тој и ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат да штитат криминал во обид да ја блокираат државата.
-Дијалогот продолжува, јас сум оптимист. Верувам во дијалогот со сите партии. Треба да сториме се за Законот за јавно обвинителство да се донесе и да се спроведе, да биде имплементиран. Но од друга страна се поставува прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да го блокира носењето на овој закон само заради заштита на криминалот? Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги блокира реформите на сметка на заштита на криминалците?, рече претседателот Заев.

Спонзорирано: