23.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ ја напушти зградата на Претседателството, претходно играше шах

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ излезе од зградата на српското Претседателство, пишува „Б92“.

Тој ја напуштил зградата бидејќи веќе се разишле граѓаните кои се собраа попладнево во пресрет на обраќањето на Вучиќ.

Голем дел од демонстрантите се упатија пред полициска станица во Белград каде бараат ослободување на приведените поради синоќешниот упад во зградата на РТС.

Српскиот претседател претходно, за време на протестите, објави на „Твитер“ фотографија како во Претседателството игра шах со министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ.

„Во претседателството одмор пред вечерните активности. Храброста и чесноста секогаш ги победуваат насилниците“, напиша Вучуќ.

Пред зградата, на протестите со мегафон ги повикуваа граѓаните да останат пред Претседателството, наведувајќи дека организаторите имаат информација оти ќе дојдат симпатизери од Српската напредна странка од цела Србија за да го бранат Вучиќ. Сепак, бројот на ученици на протестите пред Претседателството се намали во последните неколку часа, коментираат српските медиуми.