20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈААНАЛИЗАТОП ВЕСТИ

Дали правдата за која говори Силјановска не важи за насилниците осудени за 27-ми април?

Која е причината што претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ застана на иста линија со партијата и реши да ги осуди судските одлуки со кои обвинетите за крвавиот четврток добија затворски казни.

Гордана Силјаноска, вчера од Кратово вети дека доколку победи на претстојните избори за Претседател ќе се залага да почне ера кога правото и правдината ќе се вратат на голема врата во земјава.

Се’ уште се свежи сеќавањата од крвавиот четврток, не толку далечниот 27 април 2017-та година, кога насилно беше извршен своевиден организиран аттак врз македонскиот парламент од највисоките структури во тогашното државно раководство. Немилите настани, каде што сведочат видеата и фотографиите кои го обиколија светот, а на нив се гледа како насилници ги тепаат, со намера да ги убијат, највисоките функционери на тогашната опозиција.

Свежи се сликите каде што тогаш опозиционерот, а денес премиер Зоран Заев, целиот облеан во крв се соочуваше со насилниците, заедно со неговите колеги кои исто така настрадаа во конструираните немири.

Настаните од 27-ми април беа осудени од целиот Свет, а многумина се сеќаваат на брзата реакција на Меѓународната заедница вечерта со цел да ги смират страстите кај насилниците, кои беа подгревани месеци претходно од разни здруженија и функционери од претходната власт.

Интересна изјава за јавноста даде претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјаноска, во која денот кога беа донесени пресудите го опишува како тажен ден, зошто со 211 години дури затвор за 15-мината осудени Македонија наликувала на земја што има сериозни проблеми со тероризам.

Оваа изјава отвора сомнежи и бара одговори, дали Силјаноска смета дека осудените насилници за кои судот утврди дека биле виновни за ужасот од 27-ми април не би требало да бидат осудени.

Дали правдата за која говори Силјановска не важи за насилниците осудени за 27-ми април?

Истовремено Силјаноска постојано ја споменува амнестијата за 27 април според која се ослободија од вина оние што не учествуваа во насилства, заборавајќи дека истата беше срдечно поддржана од пратениците на ВМРО ДПМНЕ.