11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Мицкоски: Државата ќе тргне напред кога ќе ја добиеме довербата од граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска беше во посета на Штип, каде констатираше дека и во овој град во источна Македонија се чувствуваат последиците од заевизмот.

„Бевме во еден економски субјект, еден производен погон, луѓето се занимаваат со производство кое го пласираат и на домашниот, но и на странскиот пазар. Истата е сликата секаде, заевизмот се чувствува секаде, ние сме тука за да понудиме пред граѓаните надеж, а веднаш потоа откако ќе ја добиеме нивната доверба и таа надеж да ја претвориме во реалност. Затоа што реалните проблеми натежнати се, луѓето се чувствуваат разочарани, луѓето се чувствуваат изневерени“, рече лидереот на опозициската партија и додаде дека кога ќе дојдат вистинските луѓе на вистинските места, државата ќе може да тргне напред.

Мицкоски истакна дека на претседателските избори очекува голема победа која, како што кажа, ќе го означи крајот на неподготвената и неспособна влада.

„Се надевам дека граѓаните на 21 април ќе ја препознаат понудата која што ние ја презентираме во Република Македонија. Понудата која госпоѓата Гордана Силјановска Давкова ја презентира, масовно ќе излезат и масовно ќе дадат поддршка како на 21 април така и на 5 мај“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред штипјани.

Спонзорирано: