3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Напаѓачот од Нов Зеланд во живо на „Фејсбук“ ги пренесувал убиствата во џамиите

Еден од напаѓачите кои пукаа врз верници во две џамии во Нов Зеланд, ги пренесувал во живо на „Фејсбук“ нападите.

Видеото во времетраење од 16 минути е поставено на страница која му припаѓа на Брентон Тарант, а е направено со камера што ја носел на главата. Снимката покажува маж кој во борбена воена опрема вози до џамијата Ал Нур, во центарот на Крајстчерч. Тој зема повеќе пушки од автомобилот и влегува во џамијата. Потоа, приближувајќи се кон вратите почнува да пука.

Од „Фејсбук“ велат дека профилот е отстранет и избришани се сите пораки за поддршка на нападите. Од полицијата во Нов Зеланд изјавија дека се обидуваат да ги отстранат сите кои снимки од интернет кои се појавија на неколку портали во Нов Зеланд.

„Полицијата е свесна дека има исклучително вознемирувачки снимки поврзани со инцидентот во Крајстчерч, кои кружат на интернет“, се вели во соопштението на полицијата. „Ние цврсто ќе побараме линкот да не се шерува. Се трудиме да ги отстраниме сите снимки“, велат од полицијата.

Во пукањето, убиени се четириесет лица, а повеќе од 20 се тешко ранети. За нападот притворени се четири лица.

Спонзорирано: