5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Невремето почна: Детална прогноза за следните 4 дена

Денес ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините и во местата повисоки од 500 м.н.в. со врнежи од снег. Ќе дува силен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 90 км/час.

Дневната температура значително ќе се намали, на повеќе места ќе биде за околу 15 степени пониска во однос на вчерашната. Попладне врнежите ќе престануваат, а до крајот на денот и облачноста ќе се намали. Утре ќе има преодна стабилизација, а нови врнежи се очекуваат во четврток.

Прогноза за 14.03.2019
Минимална температура: -2°C до 3°C
Максимална температура: 4°С до 11°C
Облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец.

Прогноза за 15.03.2019
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 8°C до 16°C
Променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 16.03.2019
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 13°C до 21°C
Претежно сончево и потопло со слаб до умерен западен ветер.