23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Оливер Спасовски останува министер за внатрешни работи!

Како и што се очекуваше, имајќи ги во предвид силите на партиите во парламентот, Оливер Спасовски останува министер за внатрешни работи, откако по целодневна дискусија по интерпелација поднесена од ВМРО ДПМНЕ дојде до гласање, при што пратениците од ВМРО ДПМНЕ беа во многу мал број, а за заминување на Спасовски гласаа само 20 од вкупно 120 пратеника.

59 пратеници гласаа против и 10 беа воздржани.

Дали пратениците на ВМРО ДПМНЕ испраќаат некаква порака до раководството засега е непознато, со оглед дека во одредени моменти, иако токму пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ беше предлагач на интерпелацијата нашиот репортер регистрира само 4 присутни пратеници.

На гласањето му претходеше и жестока дебата меѓу пратениците, па така координаторот на ВМРО ДПМНЕ, Мицески праша уште колку животи треба да згаснат за Олвиер Спасовски да сфати дека е неспособен да го води МВР,

– Уште колку крвави пресметки треба да се случат за Оливер Спасовски и СДСМ да престанат да ги штитат криминалните банди кои дивеат низ Скопје и државата, рече Мицевски.

Мицевски наиде на уште пожестока реторика во одговорот на Спасовски кој потсети на владеењето на ВМРО ДПМНЕ, па ги обвини дека не само што се крадело на големо туку за време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ се крадело и на спајалици.

– „Немате тендер кај што не сте краделе. На спајалици сте ќарувале. Од фирмите за чистење сте ќарувале по милион евра секоја година. Чавков за 700.000 евра има набавено 25 возила за МВР. За милион евра во мое време, набавени се 45 исти такви возила“, порача Спасовски.

Спасовски потсети и на вооружените инциденти во Куманово, но и на убиството Мартин Нешковски за време на прославата на ВМРО ДПМНЕ, ден по парламентарните избори во 2011-та, за кое според бомбите кои ги објави тогашната опозиција,а сега власт, високи функционери од режимот се обиделе да го сокријат.

Спонзорирано: