10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
izbori
СВЕТ

Парламентарни избори во Северна Кореја

Милиони гласачи во Северна Кореја, вклучувајќи го и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, денеска ќе го дадат својот глас на парламентарните избори во земјата.

Севернокорејците ќе изберат 700 членови на парламентот, Врховното народно собрание, што е највисок орган во земјата.

Избори се одржуваат на секои пет години, и како што наведува американската агенција, претставуваат повеќе одобрување или многу ретко неодобрување на кандидатите.

Кандидатите ги избира владејачката Работничка партија на Кореја и неколку мали коалициони партии кои имаат пратенички места во парламентот, но многу малку независност.

Излезеноста е вообичаено висока, околу 99 отсто и повеќе, а според законот, право на глас граѓаните имаат од 17 годишна возраст.

Спонзорирано: