14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Царовска: Oдвоивме 44 милиони денари за 1.625 невработени млади да се стекнат со практични вештини

Главна цел на Владата е да создаваме повеќе и поквалитетни работни места. Младинската гаранција е една политика којашто оваа Влада ја воведе како единствена земја на Балканот којашто не е ЕУ членка со цел да ја вратиме довербата на младите лица во институциите, во Агенцијата за вработување, но исто така и да ги поврзаме младите со работните места коишто се нудат, истакна министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на панел-дебата „Високообразовани, а нископлатени: Вработеност на младите“, организиарна од Finance Think.

На дебатата се зборуваше за положбата на младите на пазарот на трудот и за младинската вработеност во земјата, Србија и Црна Гора.
Министерката го презентираше делот од Оперативниот план за 2019 година, којшто е посветен на Младинската гаранција, но и на практиканство, како и законското решение за практиканство, коешто е во фаза на носење.

„Посебен акцент ќе се стави на трите региони: Североисточен, Југозападен и Полошки Регион, а планираниот опфат на учесници е околу 9.500 млади лица. Во Оперативниот план за вработување за 2019 година се издвоени речиси 44 милиони денари, за мерката практиканство, со што се овозможува поддршка за 1.625 невработени млади да се стекнат со практични вештини за да бидат поконкурентни на пазарот на трудот и полесно да најдат работа“, рече Царовска.

Во рамки на програмата за самовработување, МТСП нуди од 5 до 10 илјади евра неповратна финансиска помош за отворање опствен бизнис, а младите се една од приоритетните групи. Оваа мерка се поврзува и со Фондот за иновааци и технолошки развој, за сите бизниси кои имаат иновативна компонента да можат да ги користат финансиските средства од програмите на Фондот и да станат одржливи бизниси. Меѓу другото се овозможуваат обуки за побарувани занимања и занаети, како и обуки за дигитални вештини.

„ИТ-вештините се нешто коешто во земјата е побарувано како работна вештина и затоа од 9 милиони денари коишто лани беа вложени во ИТ-вештини оваа година се вложија 43 милиони денари и со тоа опфатот на млади лица, но и различноста на ИТ-вештините коишто ги нудиме во Оперативниот план за вработување се навистина големи. И со тоа очекувам младите да го прифатат овој предизвик да се едуцираат ИТ и да се стекнат со работни места коишто се високо платени“, додаде Царовска.

Уште една новина во ОП 2019 година е поддршката за обуки во самите фирми. Целта на овие обуки е младите невработени лица да развијат компетенции и вештини и да се вработат на специфични работни места во компаниите во кои ќе ги посетуваат обуките.

Спонзорирано: