3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

СДСМ објави добра вест: Успешните економски политики даваат плод – Раст на индустриското производство од 12%

Нов раст на индустриското производство од 12 отсто во јануари, уште една потврда за успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ, велат од СДСМ.

– Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ продолжуваат да даваат реални, видливи резултати.

Откако во 2018 година растот на индустриското производство беше највисок во последните 7 седум години, индустриското производство продолжува да расте и во 2019 година.

Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика растот на индустриското производство во јануари 2019 година е за 12 отсто во однос на јануари 2018 година.

Растот на индустриското производство е проследен и со раст на прометот во индустријата, со зголемен број на вработени во индустријата и раст на платите.

Истовремено, со влезот во НАТО и интеграцијата во ЕУ економскиот раст дополнително ќе се интензивира. Интеграцијата во ЕУ и НАТО е дополнителна можност за влез на нови странски инвестиции, нови подобро платени работни места, а сето тоа значи повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.

Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките што го поттикнуваат економскиот раст и обезбедуваат повеќе пари кај секој граѓанин, соопштија од СДСМ.

Спонзорирано: