14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Гостивар: Татко со нож го прободе својот син

Вчера околу 17.10 часот од Медицинскиот центар Гостивар било пријавено во полиција дека кај нив со повреди бил донесен 31- годишно лице од Гостивар.

По преземени мерки било утврдено дека повредениот бил прободен со нож во левата нога од неговиот татко околу 17 часот во нивниот дом.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

Напаѓачот бил приведен и задржан во полициската станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Спонзорирано: