10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев: Сите процеси на СЈО за кои постојат докази продолжуваат

Сите процеси за кои постојат докази продолжуваат, доказите се живи и здрави, тие постојат, не може некој да ги уништи, да ги сокрие, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали со новото законско решение за СЈО го спасува неговиот коалициски партнер, лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Тој додаде дека предметите за кои постојат докази, соодветно се распределуваат во државното обвинителство, понатаму во новото СЈО за висока корупција, во обвинителството за организиран криминал, во скопското или во некое од внатрешноста.

„Предметите соодветно се распределуваат затоа што докази постојат. Законот е квалитетен и во неговата подготовка учествуваa и домашни и странски експерти“, рече Заев.

Според премиерот, со новото законско решение во ниту еден момент не се гледала можност некој да се спаси или да се оцрни и изрази верување дека ќе се обезбеди консензус за законското решение за јавното обвинителството, каде е вклучен и статусот на СЈО.

Премиерот повтори дека во новиот закон прислушуваните разговори ќе се користат за случаите до 30 јуни 2017 година, односни за 18-те предмети, кои се поднесени до судовите.

– Законот предвидува дека разговорите по тој датум нема да се користат, ама процесите ќе продолжат. Тоа е дел од Договорот од Пржино – рече Заев.

Предлог-законот засега има подрршка од владејачкото мнозинство, односно од 68 пратеници, се уште го нема потребното двотретинско мнозинство, но тој очекува дека ќе бидат обезбедите 80 пратенички гласови.

Спонзорирано: