6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Сè додека е затворена, водата во шише трае вечно

Иако минералната вода има ознака „најдобро да се употреби до…“, нејзиниот век на траење во шише е бесконечен, тврдат стручњаците.

На шишињата обично пишува дека рокот на употреба е година до две. Но, сè додека шишето е неотворено, водата ќе биде безбедна за пиење, но под услов да е „флаширана хигиенски“, велат од германскиот институт СГС Фрешниус, кој се занимава со лабораториски анализи.

Но, кога шишето ќе се отвори, водата треба да биде испиена за неколку дена.

Во отвореното шише можат да влезат микроорганизми и брзо да се размножат, особено ако е оставена надвор од замрзнувачот, велат од Институтот.

Спонзорирано: