20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Купила нова чанта во продавница, а во неа пронашла вознемирувачка порака

Лаура Валас од Аризона останала зачудена кога во новата чанта која ја купила во продавница пронашла вознемирувачка порака.

И тоа не било каква, туку од Кинез вработен во фабриката која ги прави овие чанти и кој моли за помош.

„Затворениците во Јингшан во Гуангси работат 14 часа без пауза, а потоа остануваат прекувремено се до полноќ. Оброците се без масло и сол. Ако некој се разболи или му треба медицинска помош, трошоците ги одбиваат од платата“, стои во писмото напишано на кинески.

Бидејќи жената која ја пронашла пораката не била во можност да му помогне, решила да ја објави на социјалните мрежи во надеж дека некој ќе помогне.

Ова не е првпат да се појавуваат вакви пораки од работници кои се жалат на условите за работа во кинеските фабрики.